Полска го згази Израел (ВИДЕО)

Слободен печат/Арбнора Мемети

По минималната победа над Македонија, селекцијата на Полска убедливо го порази и Израел со што речиси си ја обезбеди првата позиција на табелата во Група Г, и се наоѓа пред пласман на ЕП 2020. Головите за Полјаците кои по четири кола имаат максимални 12 бодови ги постигнаа Пјатек (35), Левандовски (56), Гросицки (59) и Кадзиор (84).

Убедлив настап имаше и Словенија на гостувањето кај аутсајдерот Летонија, победувајќи со 0:5. Словенците сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме кога Црнигој и Иличиќ постигнаа по два гола. Точка на натпреварот стави Зајц на стартот од второто полувреме.

Дерби натпреварот се одигра на „Сантијаго Бернабеу“ каде Шпанија фури во второто полувреме го сруши отпорот на Шведска и благодарение на ударите од белата точка славеше со 3:0. Првиот гол од пенал го постигна Рамос, вториот го даде Мората, додека победата ја завери Ојарзабал на три минути до крајот на средбата.

Вистинско изненадување направи селекцијата на Косово која со голот на Рашани во 93 минута дојде до победа од 2:3 на гостувањето во Софија против Бугарија.


Група А
Бугарија – Косово 2:3
Чешка – Црна Гора 3:0

Група Б
Украина – Луксембург 1:0
Србија – Литванија 4:1

Група Д
Р. Ирска 2:0
Данска – Грузија 5:1

Група Ф
Ф. Острови – Норвешка 0:2
Малта – Романија 0:4
Шпанија – Шведска 3:0

Група Г
Македонија – Австрија 1:4
Полска – Израел 4:0
Летонија – Словенија 0:5

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот