Полска ги крена авионите Ф-16 по масовниот руски ракетен напад врз Украина

Борбен авион Ф-16 / Фото: EPA-EFE/GRZEGORZ MICHALOWSKI

Полска ги крена во воздух борбените авиони Ф-16 утринава за да го заштитат воздушниот простор на земјата поради руски ракетен напад на украинска територија, соопшти полската војска.

Поради рускиот напад врз објекти лоцирани, меѓу другото, во Западна Украина, во согласност со важечките процедури, борбени парови од типот на авиони Ф-16 се подигнати на должност, а копнените системи за противвоздушна одбрана и радарско извидување достигнаа највисоко ниво на подготвеност, соопшти полската армија на платформата X.

Инаку Русија утрово изврши голем напад врз украинските енергетски капацитети, изјави украинскиот министер за енергетика, Герман Галушченко.

Компанијата „Укриненерго“ на Фејсбук објави дека поради моќниот руски ракетен напад врз енергетските капацитети, зголемен е обемот на мерките за ограничување на потрошувачката на електрична енергија.

Воздухопловна тревога е прогласена низ целата земја, а украинските воздухопловни сили издадоа предупредување дека Русија лансира ракети за време на нападот, пренесува „Укринформ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот