Положување цвеќе на граѓаните загинати во војните при распадот на СФРЈ

Претставници на воените инвалиди заедно со претставници на членовите на семејствата на 54-те загинати припадници на поранешната ЈНА по потекло од тогашна СР Македонија, кои настрадаа во војните при распадот на СФР Југославија денеска во знак на почит и сеќавање ќе положат цвеќе на споменикот „Мајкино скршено крило” во центарот на Скопје.

Настанот е во организација на Здружението на воени инвалиди и загинати од Македонија 91/92, во соработка со националниот координатор за воени и полициски ветерани.

На настанот ќе присуствуваат делегации на Претседателот на Републиката и на Владата, како и началникот на Генералштабот на АРСМ и градоначалниците на Град Скопје и Општина Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот