Половина Скопје остана без вода

Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во услови на епидемија половина од главниот град од попладнево е оставен без вода за пиење каде во моментов има над 2600 активни случаи на корона вирус. 

Според информации на Водовод и канализација станува збор за голем дефект во реонот на Олимписки базен, а со вода за пиење поголем дел од градот се снабдува со цистерни.

Имено станува збор за дефект на ф500мм за чие санирање има потреба да се затвори цефка од ф1400мм, а со тоа голем дел од град Скопје ќе има прекин на водоснабдувањето, односно населбите: Центар, Аеродром, Кисела Вода, Лисиче, Ново Лисиче, Припор, Сопиште, Ракотинци, Добри Дол, Драчево, Пинтија, Моране и Студеничани.

За локациите на цистерните, граѓаните треба да се обратат до Дежурно Информативниот Центар на телефонскиот број 02 3073 010.

Голем дел од Скопје ќе има прекинато водоснабдување или намален притисок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот