Половина од Французите се целосно вакцинирани против ковид-19

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Половина од Французите примиле две дози од вакцините „Модерна”, „АстраЗенека” или „Фајзер”, една доза доколку биле позитивни на ковид-19 или една доза на вакцината „Јансен”, јави дописникот на МИА од Париз.

Повеќе од половина од Французите (50,5 отсто од вкупното население) сега се целосно вакцинирани против Ковид-19, соопшти Генералниот директорат за здравство.

„Од почетокот на кампањата за вакцинација во Франција, 40.719.515 лица примиле барем една инјекција (т.е. 60,4 отсто од вкупната популација) и 34.026.476 луѓе сега имаат комплетна шема за вакцинација (т.е. 50,5 отсто од вкупната популација), се наведува во соопштението за напредокот на вакцинацијата.

Прагот од 40 милиони Французи кои добија барем една инјекција беше надминат во понеделникот, еден месец пред првичниот план на француската Влада, која сега има за цел 50 милиони вакцини до крајот на август.

Министерот за здравство Оливие Веран рече дека има „декорелација помеѓу хоспитализациите и дијагнозите”, истакнувајќи дека „благодарение на вакцинацијата има помалку хоспитализирани пациенти со тешки форми на Ковид-19, отколку за време на претходните бранови”.

За среда е планиран состанок на министрите од француската Влада надлежни за здравствената криза. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот