Половина од Американците сметаат дека на електричните автомобили им е потребен БЕНЗИН! (ВИДЕО)

фото: Принтскрин

Само две работи се бесконечни, вселената и човечката глупост. Позната изрека на Ајнштајн секој ден добива нови примери кои потврдуваат колку во оваа теза има вистина, особено кога станува збор за нејзиниот втор дел.

Постојат луѓе кои и денеска веруваат дека Земјата е рамна плоча – а некои пак мислат дека и на електричните автомобили им е потребен бензин. И тука не мислиме за нивното производство или добивањето на електрична енергија, што делумно би имало основа, туку за фактот дека некои луѓе сметаат дека електричните возила за погон користат бензин.

Така тврдат од Форд, од каде одлучија да ги објават резултатите од независното истражување спроведено во Европа, Кина и САД. Директорот во Форд за електрификација, Тед Канис ги откри резултатите за САД.

Верувале или не, 42% испитаните Американци уверени се дека на електричните возила неопходен бензин за да се движат. Покрај тоа, 80% од Американците не би избрале електричен погон за своето возило поради екстремните временски прилики.

И тоа не е се, затоа што студијата покажува дека ниту Европејците не се нешто особено паметни. Па така 90% од Американците и Европејците и натаму мисла дека електричните возила се бавни, а од нив 67% сметаат дека на струја тешко може да се влече приколка.

Како илустрација на ова истражување, ве потсетуваме на видеото кое се појави на друштвените мрежи кон крајот на минатата година, а покажува дека некои луѓе навистина не се најдобро упатени во концептот на електричните возила:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот