Половина милион граѓани без работа: Тешки последици од коронавирусот врз пазарот на труд во Австрија

Најголем пораст на невработеноста е забележан во гастрономијата и хотелиерството (+145,1 отсто), потоа градежништвото (+94,8 отсто), сообраќајот (+83,8 отсто).

Пандемијата на коронавирусот предизвика тешки последици врз пазарот на труд во Австрија каде бројот на невработени достигна историски рекорд, најголем од 1946 година.

Според соопштението на Сервисот за вработување (АМС), кон крајот на март, во споредба со истиот месец минатата година, имало 52, 5 отсто повеќе невработени.

Вкупно во АМС се пријавени 562.522 лица без работа. Поради тоа, стапката на невработеност, според националната дефиниција, порасна за 4,7 отсто, на 12,2 проценти.

Од 16. март на сила се мерките за ограничување на слободата на движење, кое предвидува и затворање на продавниците.

Екстремниот пораст на невработеноста не е само огромен предизвик за толку големиот број невработени и нивните семејства, туку и АМС и нејзините соработници ги става пред досега невиден тест за издржливост, истакна директорот на АМС Јоханес Копф. Тој нагласи дека за првпат од почетокот на 2017 година забележан е повторно пораст на невработеноста.

Најголем пораст на невработеноста е забележан во гастрономијата и хотелиерството (+145,1 отсто), потоа градежништвото (+94,8 отсто), сообраќајот (+83,8 отсто).

Бројот на лица без работно место во трговијата порасна за 34,4 отсто, а во производството за 34,2 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот