Полни шеталишта и плажи: Шпанците по два месеци излегоа надвор! (ФОТО)

Фото: Quique Garcia / EPA

На возрасните личности во Шпанија од денеска им е дозволено да се занимаваат со спортски активности надвор од дома.

Откако шпанската влада започна со постепено попуштање на мерките, воведени поради пандемијата од Ковид-19, луѓето ширум земјата излегоа утринава надвор поради рекреација и прошетка, првпат по седум недели.

Луѓе утринава излегоа на воздух на познатата патека Пасео Маритимо / Фото: Барселона, Шпанија / Фото: EPA-EFE/Quique Garcia EPA-EFE/Quique Garcia

Во Барселона на патеките покрај плажите утринава можеа да се видат многу луѓе како трчат и возат велосипеди.

Припадници на полицијата ги потсеќаат луѓето кои утринава излегоа на воздух на познатата патека Пасео Маритимо да ја одржуваат социјалната дистанца  / 02 мај 2020, Барселона, Шпанија / Фото: EPA-EFE/Quique GarciaPA-EFE/Quique Garcia

На возрасните им е дозволено да излеуваат на прошетки или на вежбање од 6 до 10 сабајле, како и од 20 до 23 часот. Постарите смеат да излегуваад од 10 до 12 претпладне, како и од 19 до 20 часот попладне, додека децата под 14 години смеат да си играат надвор од 12 до 19 часот.

Постара жена вежба аеробик во парк / 02 мај 2020 година, Мадрид, Шпанија / Фото: EPA-EFE/DAVID FERNANDEZ

На широките булевари ширум Мадрид се забележани многу велосипедисти и скејтбордери, пренесува Ројтерс.

Мадрид, Шпанија / 02 мај 2020 година / EFE/JuanJo Martin EPA-EFE/JuanJo Martin

Шпанската влада одлучи да започне со ублажување на рестриктивните мерки, откако беше забележан пад на бројот на заболени, а ситуацијата во болниците се подобрува.

Луѓе шетаат на плажа во Соплеана, северна Шпанија / 02 мај 2020, Шпанија / Фото: EPA-EFE/LUIS TEJIDO

Шпанскиот премиер во вторникот најави план во четири етапи кој би требало да ги доведе работите во нормала во земјата до крајот на јуни.

Мадрид, Шпанија / 02 мај 2020 година / EFE/JuanJo Martin EPA-EFE/JuanJo Martin

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот