Полни раце љубов: Познатата Хурем Султан ужива во друштво на своите две ќерки

Instagram

Турската актерка Мерием Узерли, која се прослави со улогата на Хурем Султан во серијата „Величествениот“, во јануари роди девојче по име Лили Кои, а се шпекулира дека татко на нејзината ќерка е актерот Каглар Ертугрул, со кого наводно е во врска веќе некое време.

Поминаа седум години откако заврши снимањето на хит серијата што прерасна во една од најгледаните турски серии на Балканот, а исто толку години поминаа откако Узерли за прв пат стана мајка.

Нејзината прво дете, ќерката Лара, која ја доби од врската со турскиот претприемач Кан Атес, го прослави седмиот роденден во средината на февруари.

Популарната Турчинка повеќе пати изјавуваше дека е многу блиска и поврзана со нејзината постара ќерка која ја нарекува љубовта на својот живот, а сега реши да покаже моменти на среќа со двете ќерки. Среќната мајка позираше гушкајќи ги своите мали девојчиња.

Узерли моментално живее во Берлин, а според нејзините објави на социјалните мрежи, се чини дека во последно време повеќе добива ангажмани како модел, отколку како актерка. Таа исто така се „фрли“ во претприемачките води и отвори продавница за здрави бонбони во центарот на Берлин. Станува збор за поздрави верзии на чоколадо, бонбони и џемови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот