ПОЛНИ 6 ГОДИНИ: Кејт избра специјална егзотична локација за роденденот на Џорџ – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

ПОЛНИ 6 ГОДИНИ: Кејт избра специјална егзотична локација за роденденот на Џорџ

Оваа дестинација има и сентиментална вредност за членовите на кралското семејство

Наскоро британскиот принц Џорџ ќе го прослави својот шести роденден, а неговите родители подготвија посебна прослава за тој ден.

Семејството ќе отпатува на Карибите, на островот Мистик. Кралското семејство е посебно приврзано за овој остров, поради принцезата Маргарет, сестра на кралицата Елизабета.

Таа таму закрепнувала од бурниот брак со Ентони Армстронг Џонс. Тогашниот сопственик на островот решил да ѝ го подари на Маргарет, која подоцна таму изградила прекрасна вила која ја нарекла „Прекрасна вода“.

Членовите на кралското семејство често летуваат на овој остров, кој им нуди мир и приватност. Таму на одмор одат дури и членовите на семејството на Кејт, родителите Керол и Мајк и сестра ѝ Пипа со сопругот Џејмс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close