Полна Месечина во знакот Овен – што ли ќе им донесе на сите знаци месецов?

месечина
EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

На денешен ден, полната Месечина влегува во знакот на Овен и еве што ќе им донесе на секој од знаците во зодијакот, пренесува „Женаблиц“

ОВЕН
Оваа полна Месечина е во вашиот знак, така што ќе бидете во центарот на вниманието. Можно е некои недовршени нешта од минатото да ви дојдат „за наплата“ или да бидете приморани да ги завршите. Ова е период во кој треба себеси да си се ставите на прво место.

БИК
Ова е период кога ви треба опуштање. Можно е да дојдете до големи сознанија, а ќе ве следи внатрешен притисок дека треба нешто што долго сте контролирале, да го отпуштите. Исто така постои шанса да се соочите со нешто болно од минатото, но тоа е неопходно за да се излечите.

БЛИЗНАЦИ
Ако сте работеле на некаков заеднички проект, сега е времето кога сето тоа ќе ви се исплати и реализира. Овие денови креативноста ќе ви биде интензивна, како и работните визии.

РАК
Ова е период кога полето на кариера ќе ви биде посебно нагласено. Конечно некои ваши планови ќе се реализираат, а можете да добиете и нова прилика за работа или кариера.

ЛАВ
Оваа полна Месечина е поволна за вас. Ќе ви донесе многу нови можности, а ќе ви биде и наклонета. Овој период ќе ја видите големата слика и ќе ризикувате со полно право. Ако сте се плашеле досега да направите нешто, сега стиснете заби и сторете го тоа.

ДЕВИЦА
Полната Месечина може да ви донесе некои ваши тајни на виделина. Исто така, ви се отвора шанса за работни понуди, но и брачни. Во овој период некои девици ќе влезат во нова љубовна врска.

ВАГА
Ова се денови кога вашите меѓучовечки односи ќе ви бидат на испит. Ќе дојдете до раскрсница – или ќе завршите со некои односи, или ќе мора да најдете компромис. За вагите во сериозна врска, може да дојде до предлог за брак или заеднички живот.

СКОРПИЈА
Ве очекува нов налет на енергија, а астролозите советуваат да посетите лекар и да направите редовни контроли, со оглед дека оваа полна Месечина ги нагласува вашите аспекти од шестата куќа – куќата на здравјето.

СТРЕЛЕЦ
Полната Месечина ќе ви донесе изразена страст и хемија. Ќе имате зголемена самодоверба отколку претходните месеци, а овие денови може да бидат значајни за вашиот љубовен живот.

ЈАРЕЦ
Време е да направите пауза и да одморите. Можно е да размислувате на преселување од домот или драстична промена во животот. Полната Месечина ќе може да ви помогне за конечна одлука.

ВОДОЛИЈА
Ова е период во кој секој вид комуникација ќе ви оди од рака. Ако треба да одржите работен состанок, ова е одличен период за тоа – јасно и успешно ќе ги изложите вашите идеи.

РИБИ
Засукајте ракави и завршете ги веќе почнатите обврски. Бидете темелни и дисциплинирани, затоа што овој пат Месечината е во втора куќа – куќата на пари, работа, дневни рутини. Ова е моментот кога може да добиете зголемување на платата или нова понуда за работа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот