Полјаците по примерот на Турците, изнајмија кранови за да гледаат фудбал (ВИДЕО)

Досетливоста на навивачите нема граници кога станува збор за омилениот клуб.

Откако претседател на турски второлигаш одлучи да изнајми кран за да може да го следи натпреварот на својот тим, фановите на полскиот третолигаш Мотор Лублин отидоа чекор понатаму.

ТУРЦИЈА: Претседател на фудбалски клуб изнајми кран за да гледа натпревар (ФОТО)

Поради пандемијата на коронавирусот, сите фудбалски првенства во Европа како и пријателските натпревари пред стартот на новата сезона се играат пред празни трибини, но фановите на Мотор се погрижија нивните миленици сепак да добијат поддршка.

Имено, навивачите за пријателнскиот натпревар со Рух изнајмија 18 кранови за да може да го проследат натпреварот. Тие од крановите пееја, навиваа па дури и приредија мало пиротехничко шоу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот