Полјаците не ја потценуваат Македонија

EPA-EFE/Piotr Nowak

Селекцијата на Полска ќе биде првиот вистински тест за избраниците на Игор Ангеловски во квалификациите за ЕП 2020.

Македонија по две кола има четири бодови од триумфот над Летонија (3:1) и ремито на гости кај Словенија (1:1), додека Полска е лидер во групата со максимални шест бодови.
Но, иако ја имаат улогата на фаворити, Полјаците предводени од Роберт Левандовски не ја потценуваат Македонија.

– Македонија во последно време покажа дека е многу опасна селекција на свој терен. Доколку не сме одлучни, ако не сме концентрирани ќе ни биде тешко да освоиме бод. Ако играме на нашето ниво, тогаш може да бидеме мирни. Ние се подготвуваме за мечевите со мисли дека ќе имаме многу тешка задача, а таа подготовка може потоа да ни го олесни мечот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот