Полјаците ја гледаат Македонија како сигурен „билет“ за ЕП!

facebook.com/LaczyNasPilka

Дуелот ќе се игра од 20.45 часот, Полска со три бода е 99% на ЕП, но и Македонија сега влегува во игра за една од првите две позиции, па останува да се види како ќе се одвиваат настаните на теренот утре во Варшава.

Полјаците веќе се сметаат како големи фаворити против нас, но воедно во пресрет на дуелот ги откриваат силите и слабостите на Македонија. Како прв го одвојуваат големиот талент Елиф Елмас, играчот за врска кој вчера против Словенија блесна со два гола и донесе голема победа. Од друга страна велат дека досега нема голема минутажа кај Анчелоти во Наполи.

Горан Пандев (36), еден искусен фудбалер кој своевремено ги бранеше боите на Интер, Лацио и Наполи. За него се вели дека сезонава има само улога на резерва во Џенова, настапувајќи во последните минути. Од минатата сезона постигна само четири голови, вклучувајќи еден против Летонија.

Па, оттука и Полска не се плаши многу од нашиот напад, иако се сепак свесни за големото искуство на Пандев кој може и паметно да реагира во делот на одбраната.

Противникот истакнува дека сме најслаби во одбраната каде што има играчи кои настапуваат како резервни во нивните клубови. Како друга додатна опасност за нив која исто така може да им предизвика проблем се Езгјан Алиоски од Лидс и Аријан Адеми од Динамо Загреб кои се стандардни во своите екипи.

Полјаците велат дека има голема разлика помеѓу двете репрезентации и заедно со нивните навивачи шансата за пласман на ЕП 2020 треба да се искористи на еден максимално „брутален“ начин. Но, не ја потценуваат Македонија од фактот што селекторот Игор Ангеловски добро ја подготвил нашата селекција на дуелот во Скопје против Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот