Полицијата стопираше гостиварски автобус – Затекна нешто необично

Тетовската полиција симна патници од автобусот на „Еуро турист“ кој патуваше од Скопје за Гостивар откако полицијата забележа дека во автобусот се возеле 20 патници повеќе.

Според Порталб, шоферот примил повеќе патници без карти во автобусот кој тргна во 18.00 часот во петок, затоа што, според него, имало голем интерес од нивна страна да патуваат за Гостивар.

Откако полицијата извршила увид во автобусот на влезот од Тетово, одредила патниците да се качат повторно, а за вишокот на патници кои биле околу 20 лица, одредила да се симнат во Тетово.

„Патниците се жалеа дека не можеле да дишат за време на патувањето.“ се вели во текстот на Порталб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот