Политизацијата на историјата предизвикува загриженост кај македонските и бугарските стопанственици

Бугарско-македонската и Македонско-бугарската стопанска комора изразуваат сериозна загриженост поради се поголемото политизирање на фактите во заедничката балканска историја на двете држави, се наведува во заедничкото писмо на коморите упатено до претседателите на Бугарија и Северна Македонија, Румен Радев и Стево Пендаровски и премиерите на двете држави, Бојко Борисов и Зоран Заев.

– Очекуваме повеќе прагматизам и државничко размислување при одредувањето на важните цели за двете балкански земји. Ние очекуваме конкретна поддршка за создавање на услови за економска, техничка и културна соработка, за подлабока интеграција во заедничкото европско семејство. Се надеваме дека нема да ја претвориме Белата книга во Црвена книга, се вели во заедничкото писмо од претседателот на Бугарско-македонската трговско индустриска комора Пламен Павлов и претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Кирил Лазаров.

Концентрирањето на вниманието на јавноста врз работата на Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања и фокусирањето врз споровите што произлегуваат од вековната поделеност, се вели во заедничкото писмо, само ги продлабочуваат и оддалечуваат надминувањето на границата помеѓу многу семејства во двете држави.

– Сметаме дека е многу поважно од гледање во минатото да погледнеме во иднината, а за тоа е потребно носење решенија сега. Решенија за поврзување – транспортно, енергетско и комуникациско. Заеднички регионални проекти со чија реализација луѓето од двете страни на границата сами ќе ја прифатат историјата со поинакво читање, се вели во соопштението.

Во писмото на стопанските комори се наведува дека наспроти потпишувањето на Договорот за пријателство меѓу двете држави и организирањето на економски форум во Скопје, на кој беше претставена Патна карта за соработка при формирање на благопријатна бизнис клима, наречена Бела книга, статистиката покажува дека економската соработка бележи вложување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот