Политико: Супербактериите може да убијат речиси 40 милиони луѓе
Патогените бактерии отпорни на лекови може да предизвикаат повеќе од 39 милиони смртни случаи во следните 25 години.
Ова го покажуваат новите проценки објавени во медицинското списание „Лансет“.
Студијата, исто така, предвидува дека 169 милиони смртни случаи ќе бидат поврзани со инфекции отпорни на лекови, истакнува Политико.
Истражувачите ги базираат своите прогнози на анализа на неодамнешните смртни случаи и влијанието на мерките за контрола на смртните случаи од АМР (антимикробна отпорност).
Тие откриле дека повеќе од милион луѓе годишно умирале од инфекции отпорни на лекови во периодот од 1990 и 2021 година.
За тоа време, смртните случаи кај децата под пет години од АМР се намалија за 50 проценти, додека смртните случаи кај луѓето над 70 години се зголемиле за повеќе од 80 проценти.
Овие трендови се очекува да продолжат, при што смртните случаи на АМР кај децата под пет години се предвидува да се преполоват до 2050 година, а смртните случаи кај луѓето над 70 години да пораснат за повеќе од двојно.
Студијата, спроведена од проектот Глобално истражување за антимикробна отпорност (GRAM), предвидува дека смртните случаи од АМР постојано ќе се зголемуваат во наредните децении „доколку не се преземат контрамерки “.
Авторите проценуваат дека 1,91 милиони луѓе би можеле да умрат од директните ефекти на АМР во 2050 година – што е скоро 70 отсто зголемување во споредба со 1,14 милиони смртни случаи во 2021 година, пишува Политико.
Исто така, се предвидува дека АМР ќе придонесе за 8,22 милиони смртни случаи годишно – што претставува зголемување од речиси 75 проценти до 4,71 милиони смртни случаи поврзани во 2021 година, се вели во изданието.
Авторите забележаа дека падот на смртните случаи поврзани со АМР во 2021 година – во споредба со 2019 година – веројатно е последица на мерките воведени за време на пандемијата од COVID-19, додавајќи дека тие веруваат дека тоа е привремено.
„Овие наоди нагласуваат дека АМР е значајна глобална здравствена закана со децении и дека оваа закана расте“, рече авторот на студијата Мохсен Нагави, професор на Универзитетот во Вашингтон.