„Политико“: На сите им е преку глава од ставот на Бугарија, губи пријатели со голема брзина и го дестабилизира Западен Балкан

Знаме на РСМ и Република Бугарија / Фото: Архива на Слободен печат

Бриселски „Политико“ пишува дека по вчерашниот состанок на Советот за општи работи, на кој Софија повторно стави блокада за Македонија, Бугарија е изолирана. Во текстот насловен: „Заборавете на проширувањето, продолжува да вели Бугарија“, неколку дипломати на „Политико“ му изјавиле дека Софија продолжува да го блокира одржувањето на првата меѓувладина конференција поради домашни историски политики кои никој не ги разбира.

„На сите им е преку глава од ставот на Бугарија кон Северна Македонија“, вели еден дипломат за „Политико“. „Тоа е несфатливо, неодбранливо и го дестабилизира Западен Балкан. Бугарија губи пријатели со голема брзина. Среќа е што земјата не може да си го дозволи ова на долг рок“.

„Политико“ понатаму пишува: „Многумина интервенираа, и од регионот и пошироко, од големите и малите земји, северот и југот, наведувајќи ги геополитиката, стратешкото размислување и едноставниот факт дека имаат намера да го одржат својот збор до двете земји како причини зошто овие разговори треба се одржат. Се разбира, сето тоа падна на глувите бугарски уши. Така, министерот за ЕУ ​​на Германија, Михаел Рот, се огласи на Твитер во надеж дека јавната молба ќе помогне. (Предупредување за расипување: Не.) ‘Ве молам. Билатералните прашања нека се третираат билатерално, без да се блокира целата ЕУ да се движи напред’, рече Рот. ‘Да размислиме стратешки… немаме интерес да оставиме стратешки вакуум таму. Ви благодарам’.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот