ПОЛИТИКАТА го победи ФУДБАЛОТ: Косовската полиција не ги пушти фудбалерите на Црвена звезда да влезат во Косово

фото:курир.рс/Немања Николиќ

Натпреварот помеѓу Трепча и Црвена звезда во рамките на 1/16 од Купот на Србија нема да се одигра,објави директорот на тимот од Косовска Митровица, Бојан Јакшиќ, што е доказ дека политиката повторно ги победи спортот и фудбалот.

Косовската полиција на граничниот премин Јариње не му дозволи на автобусот со фудбалерите на Црвена звезда да влезе во Косово. На граничниот премин се стационирани засилени сили на косовската полиција, со две возила и на специјалната полиција „Роса“.

Засега полициските екипи на Косово не му дозволуваат влез во Косово на автобусот со фудбалерите, а претходно им беше забранет влезот и на бројните новинарски екипи од Србија кои сакаа да го проследат натпреварот.

Претходно директорот на „црвено-белите“, Звездан Терзиќ потврди дека екипата има забрана за влез во Косово иако ФИФА претходно упати препорака до косовските власти да дозволат да се одигра натпреварот помеѓу Трепча и Црвена звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот