Ципрас: Не можеме да им забраниме да се самоопределуваат како Македонци

- Овој договор тоа што го прави е да не го потценува правото на самоопределување, тоа не можеме да го направиме. Не можеме да им забраниме да се самоопределуваат како Македонци, рече грчкиот премиер и објасни дека во договорот терминот „Македонци“ не се однесува на историјата на грчката Македонија.

Фото: EPA-EFE/ALEXANDROS VLACHOS

Во договорот постои решение за државјанството, бидејќи не можеме да им го забраниме правото на соседите да се самоопределуваат како Македонци, рече грчкиот премиер во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ.

– Овој договор тоа што го прави е да не го потценува правото на самоопределување, тоа не можеме да го направиме. Не можеме да им забраниме да се самоопределуваат како Македонци, рече грчкиот премиер и објасни дека во договорот терминот „Македонци“ не се однесува на историјата на грчката Македонија.

Грчкиот премиер коментираше дека опозициите во двете земји имаат идентични позиции, дури и изјавите им биле исти, додека, пак, во однос на ставот на коалицискиот партнер во грчката влада, Ципрас рече дека Панос Каменос го известил дека ќе си го задржи почетниот став и нема да гласа за договорот, но и нема да ја урне владата. (МИА)