Ружин: Преговорите се дојдени во финална фаза и се бара гарантот

Ружин: Преговорите се дојдени во финална фаза и се бара гарантот

453
SHARE

Професорот Нано Ружин вели дека од изјавите на грчкиот премиер Ципрас, каде бара промена на Уставот на Република Македонија, можеме да заклучиме дека решението е блиску.

– Според изјавите, дојдовме во една финална фаза, веројатно веќе е утврдено името и сега се бара гарантот. Тој гарант, според нивното мислење е Уставот на Македонија, меѓутоа за да се направи тоа, потребно е двотретинско мнозинство кое што во овој миг тешко ќе го обезбеди нашата Влада, што би довело до нови избори – вели Ружин.

Тој додава дека Уставот воопшто не и е гарант бидејќи не гарантира дека утре нема да дојде некоја друга политичка партија на власт која што ќе предложи да се врати старото име.

– Можеби промена на Уставот бараат поради тоа што имаат страв дека меѓународен договор ќе биде срушен од Уставниот суд, имаат тие искуство каде што еден договор со Албанија и беше срушен од албанскиот Уставен суд, но нашиот Уставен нема таква надлежност – вели Нано Ружин.

За крај, тој вели дека овие изјави и барања на Ципрас се за домашна употреба, бидејќи и на нив им е јасно дека меѓудржавниот договор е поголема гаранција.

– За поништување на меѓудржавен договор ќе биде потребно и двете држави потписнички да се согласат за поништување на договорот – нагласува Ружин.

Стефан Атанасов

NO COMMENTS

LEAVE A REPLY