По­ли­ти­чар кој без ком­плекс на ин­фе­ри­ор­ност ну­ди спас за Ал­банците

Ка­са­ми цврс­то стои зад ам­би­ци­оз­на­та цел за „ре­де­фи­ни­рање“ на Ма­ке­до­нија, ба­зи­ра­но на принци­пи­те на вла­де­е­ње на пра­вото, де­мок­ра­ти­ја­та и сло­бо­дата.

Би­лал Ка­са­ми е еден од ос­но­ва­чи­те и прет­се­да­тел на Бе­са (во пре­вод зна­чи зак­летва), мла­да пар­ти­ја во ал­бан­ски­от по­ли­тич­ки блок ко­ја се за­ла­га за по­ве­ќе пра­ва и по­чит кон Ал­банци­те во Ма­ке­до­нија. Спо­ред Ка­сами, Беса, за по­мал­ку од две го­дини, ста­на­ла вто­ра нај­го­ле­ма пар­ти­ја на ал­бан­ска­та за­ед­ни­ца во Ма­ке­до­нија. Тоа се по­ка­жа и на ми­на­то­не­дел­ни­те пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бори, на кои ре­зул­та­тот кој го по­сти­гна оваа пар­ти­ја бе­ше вис­тин­ско из­не­на­ду­вање. Бе­са ос­вои 5 пра­те­нич­ки ман­да­ти и со тоа, ка­ко што во ед­на при­ли­ка по­со­чи Ка­сами, се по­ка­жа де­ка Бе­са и е зад пе­ти­ци на ДУИ.

– И пок­рај тоа што има­ше мно­гу при­ти­со­ци кон на­ши­те гла­сачи, и пок­рај тоа што ДУИ ги уце­ну­ва­ла ад­ми­нис­тра­тив­ците, Дви­же­ње­то Беса, ка­ко што се оче­ку­ваше, из­ле­зе ка­ко по­бед­нич­ко из­не­на­ду­ва­ње на овие из­бори. Ние про­дол­жу­ва­ме со на­ша­та по­ли­тич­ка бор­ба за гла­са­чот да го ужи­ва пра­во­то ко­еш­то е ос­нов­но чо­веч­ко право, пра­во­то на глас, и ни­кој да не го на­ру­шу­ва тоа пра­во – ре­че Ка­са­ми по из­бо­рите.

Ка­са­ми е уве­рен де­ка пар­ти­ја­та ко­ја ја пред­во­ди мо­же да по­мог­не во вос­поста­ву­ва­ње­то на рам­но­те­жа на влас­та во зем­јава, би­деј­ќи пар­ти­ја­та глав­но ја со­чи­ну­ва­ат мла­ди ин­те­лек­ту­ал­ци кои се шко­лу­ва­ле на За­пад и кои не чув­ству­ва­ат ни­ка­ков ком­плекс на ин­фе­ри­ор­ност.

Бе­са бе­ше дел од мар­шот што се од­ржа на 9 мај, со кој бе­ше од­бе­ле­жа­на прва­та го­диш­ни­на од во­о­ру­же­ни­те су­ди­ри во Ку­ма­ново, во кои за­ги­наа 10 во­о­ру­же­ни Ал­банци и 8 по­ли­цајци. На мар­шот учес­тву­ваа по­ве­ќе од 20.000 луѓе, а де­мон­стран­ти­те по­ба­раа да се фор­ми­ра спе­ци­ја­лен суд кој ќе се за­ни­ма­ва со ви­со­коп­ро­фи­ли­ра­ни­те слу­чаи во кој се ин­вол­ви­ра­ни Ал­банци.

Ка­са­ми не­кои го об­ви­ну­ваа де­ка  е пов­рзан со тур­ски­от прет­се­да­тел Ре­џеп Та­ип Ер­до­ган и де­ка пар­ти­ја­та на­вод­но се фи­нан­си­ра од Ан­кара. Ка­са­ми ги от­фрли вак­ви­те об­ви­ну­ва­ња по­со­чу­вај­ќи де­ка пар­ти­ја­та ја фи­нан­си­ра неј­зи­но­то член­ство и фир­ми до­на­тори.

– Да се на­мет­ну­ва­ат об­ви­ну­ва­ња за вак­ва ори­ен­та­ци­ја од стра­на на оние што за иде­о­лош­ка ос­но­ва ја има­ат Ру­сија, ко­му­низ­мот, марксиз­мот-ле­ни­низ­мот, на­вис­ти­на е не­мо­рално, но ете, во по­ли­ти­ка­та сѐ е мож­но и тие го ис­ко­рис­ти­ја ова по­ли­тич­ко пра­во за да го об­ви­ну­ва­ат Дви­же­ње­то Бе­са и пок­рај фак­тот што Бе­са е единстве­ни­от ав­тох­тон, ав­тен­ти­чен и ав­то­но­мен по­ли­тич­ки суб­јект на Ал­банци­те во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја – ре­че Ка­сами.

Тој сме­та де­ка ДУИ и ДПА не би­ле во служ­ба на сво­ја­та гла­сач­ка база. Тој об­ви­ну­ва де­ка тие фун­кци­о­ни­ра­ат ре­чи­си ка­ко при­ват­ни кор­по­ра­ции кои им слу­жат на ин­те­ре­си­те на нив­ни­те ли­дери, Али Ах­ме­ти и Мен­дух Тачи.

Ка­са­ми цврс­то стои зад ам­би­ци­оз­на­та цел за „ре­де­фи­ни­рање“ на Ма­ке­до­нија, ба­зи­ра­но на принци­пи­те на вла­де­е­ње на пра­вото, де­мок­ра­ти­ја­та и сло­бо­дата.

– Сѐ до­де­ка на ви­со­ки­те по­ли­тич­ки фун­кции, ка­ко што се фун­кци­и­те прет­се­да­тел, пре­миер, прет­се­да­тел на Соб­ра­ни­ето, ми­нис­тер за внат­реш­ни ра­боти, за фи­нан­сии и за над­во­реш­ни ра­боти, не би­де по­ста­вен Ал­ба­нец, Ма­ке­до­ни­ја се­кои 10 или 15 го­ди­ни ќе се со­о­чу­ва со дла­бо­ка по­ли­тич­ка кри­за – ќе ка­же Ка­са­ми во ед­на при­лика.

Ли­де­рот на Бе­са се за­ла­га за ре­ви­зи­ја на од­ред­би­те од Охрид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор, би­деј­ќи „15 го­ди­ни по­доцна, тој и на­та­му пра­вил­но не се при­ме­нува,а  си­ту­а­ци­ја­та за Ал­банци­те во Ма­ке­до­ни­ја е по­ло­ша от­кол­ку во 2001 го­дина“.

– Охрид­ски­от до­го­вор е пот­пи­шан под при­ти­сок, за вре­ме на во­о­ру­же­ни­от кон­фликт и за­тоа вре­ме е за нов до­го­вор, кој ќе би­де пот­пи­шан во мир­но­доп­ски ус­ло­ви – де­ци­ден е Ка­сами.

Спо­ред него, Бе­са е спас за Ал­банците, би­деј­ќи ако не се по­ја­ве­ла нав­реме, ал­бан­ски­те гла­са­чи пов­тор­но ќе се оп­ре­де­ле­ле за ДУИ.