Мицкоски им се жалел на Курц и Хан дека власта врши политички терор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Софија се сретна со комесарот на Европската Унија за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.

„Тој во однос на спорот за името ги изнесе принципиелните позиции и ставови на ВМРО-ДПМНЕ кои не се променети, како и впечатокот дека Владата го води целокупниот процес на разговори на максимално нетрапсарентен начин што го наметнува чуството дека нешто се крие. Беше истакнато дека премиерот Заев нема монопол во одлучувањето за вака едно важно прашање за иднината на државата“ пишува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ во кое исто така се додава дека партијата  ги поддржува европските интеграции на државата што се од интерес на самите граѓани, што се покажало и преку активно учество и давање на сугестии во процесот на носење на реформските закони.