ПОЛИТИКА

Мицкоски: Го добив договорот, немаше што друго да си кажеме со премиерот

По денешната средба со премиерот, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека неговото мислење и мислењето на партијата по однос на договорот со Грција, не само што не е променето, туку и повеќе зацврстено.

Тој рече дека го добил договорот од премиерот и дека во следниот период очекува поширока консултација. Мицкоски смета дека во процесот на консултација треба да учествуваат и двете најголеми верски заедници, МПЦ и ИВЦ.

-Немаше нови моменти кои можевме со премиерот еден на друг да си ги кажеме. Побарав средба за да го добијам договорот, откако ќе го анализираме внатре пратиски со сите партиски органи, ќе повикаме консултации со МПЦ, ИВЗ и МАНУ, со овој договор можеби МАНУ нема да го има истото име туку ќе треба да се смени. Сакаме консултаци и со други општествени групи во Република Македонија, би сакале поширок дијапазон на мислења – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој повтори дека ова е договор за капитулација на Македонија.

-Некој не доведе во незавидна ситуација, нас, Република Македонија и граѓаните така што си го приватизираше и монополизираше овој процес и не стави пред свршен чин. Ќе ги искористиме сите демократски и законски механизми кои ни стојат на располагање – рече Мицкоски.

Придружете ни се Facebook