Катругалос: Политичко самоубиство за Нова демократија е предлогот за гласање недоверба на владата

Јоргос Катругалос, одговарајќи на критиките од опозицијата рече дека во договорот не е споменат идентитетот, ниту пак националноста, туку само правната врска на граѓаните со државата.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, со свои аргументи, толкување на договорот, го повика грчкиот парламент да не го поддржи предлогот на Нова демократија за недоверба на владата, предлог за кој рече дека е политичко самоубиство за опозициската партија.

Јоргос Катругалос, одговарајќи на критиките од опозицијата рече дека во договорот не е споменат идентитетот, ниту пак националноста, туку само правната врска на граѓаните со државата.

– Во договорот нема никакво споменување на националност, ниту пак би можело да постои. Се споменува државјанство, отворете ги вашите пасоши каде што пишува државјанство. Тоа е правната врска на граѓанинот со државата, не е националноста, со тоа не може да се занимава договорот, бидејќи е прашање кое е поврзано со свеста и самоопределувањето.

Катругалос во неговото обраќање за време на расправата во грчкиот парламент, објасни дека договорот, ќе го потпишат двајцата министри за надворешни работи, а ќе стапи во сила само откако ќе биде ратификуван во грчкиот парламент, јави дописничката на МИА од Атина. (МИА)