Џафери за нападот од Груевски: Тоа е резултат на неговата психолошка криза (ВИДЕО)

Во интервју за српската телевизија N1, на прашање на новинарката дали е во добри односи со Никола Груевски, во чија влада тој беше министер за одбрана, Џафери вели дека тој нема проблем со никој лично, а кој има институционално проблем тоа може да го изрази како проблем.

Фото Борче Поповски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери се наоѓа во посета на Република Србија, каде тој даде неколку интервјуа за тамошните медиуми.

Во интервју за српската телевизија N1, на прашање на новинарката дали е во добри односи со Никола Груевски, во чија влада тој беше министер за одбрана, Џафери вели дека тој нема проблем со никој лично, а кој има институционално проблем тоа може да го изрази како проблем.

„Како тогаш го коментирате тоа што и физички Ве нападна во текот на расправата за Законот за јазиците“, го праша новинарката.

– Тоа е резултат на психолошката криза во смисла на тоа во каква состојба се наоѓа моментално ако се земе предвид сите кривични дела и постапкти што се водат против него, како и тоа што на вонреден конгрес го отстапи местото претседател на партијата. Сметам дека тоа е одраз на лична криза, не можел да се контролира во дадениот момент. Јас реков, дека на таа седница очекував се, но никако не очекував дека Никола Груевски ќе биде тој што така ќе реагира – вели Џафери.

Во интервјуто, новинарката го прашува и за коментар на тоа што Восислав Шешељ во очи на посетата на Џафери, го нарече терорист. Претседателот на Собранието одговори дека нема потреба да одговара на никој зошто во Србија дошол на покана на институцијата Парламент, а не на некоја политичка партија.