Арсовски: Протестите пред домовите на пратениците е класичен мобинг

434

Аналитичарот Петар Арсовски, коментирајќи ги протестите пред домовите на пратениците поради спорниот Закон за употреба на јазиците, вели дека ова навлегува во политичкиот бон-тон, а не во политичкото право.

– Да, во принцип дозволено им е на граѓаните да протестираат каде сакаат, меѓутоа, нарушувањето на домовите на пратениците мислам дека не е добра пракса. Ако сакаат да протестираат некаде, можат да протестираат пред седиштата на политичките партии, бидејќи пратениците во најголема мера ги следат насоките на својте матични партии, вакво таргетирање може да се подведе под мобинг – вели Арсовски.

Тој додава дека демонстрантите сакаат да предизвикаат страв и притисок кај пратениците.

(С.А.)