„Политика“: Во северно Косово рафтовите се празни - Нема зејтин, сол и шеќер - Слободен печат
ВестиРегион

„Политика“: Во северно Косово рафтовите се празни – Нема зејтин, сол и шеќер

Весникот тврди дека околу 400 приватни трговци, сопственици на продавници за храна, планираат да ги затворат нивните објекти бидејќи рафтовите се празни

Жителите на четири општини во северно Косово се наоѓаат еден чекор од хуманитарна катастрофа, бидејќи во продавниците недостасуваат основните артикли, јавува весникот „Политика”, пренесува Експресс.

Весникот тврди дека околу 400 приватни трговци, сопственици на продавници за храна, планираат да ги затворат нивните објекти бидејќи рафтовите се празни, а веќе неколку дена не пристигнува млекото и млечни производи, како и зејтин, шеќер и сол.

Претседателот на Здружението на стопанственици во Северно Косово, Радош Петровиќ, изјавил за „Политика” дека „резервите од брашно се потрошени, така што до четвртокот нема да има леб во полиците”. Весникот пишува дека во Северно Косово е забележана зголемена контрола на инспекциските служби, кои се во косовскиот систем.

Пред три дена, косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека Белград планира повлекување на стоките за да предизвика хуманитарна катастрофа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close