„Политика“: Нуклеарната централа како заложник на војната

Запорожје
Запорожје / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Со обвинувањата дека Русите ја гранатирале нуклеарната централа во Запорожје, Киев предизвикува револт во Европа и се обидува да предизвика егзодус на населението од областа која најави референдум за припојување кон Русија, пишува српскиот медиум „Политика“.

Од минатиот петок трае гранатирањето на нуклеарната централа „Запорожје“, а завојуваните страни исто толку време меѓусебно се обвинуваат за нападите. Во меѓувреме, дојде и до прекин на снабдувањето со електрична енергија, па еден блок „испадна“ од мрежата. Од вчера руските сили ја зајакнаа противвоздушната одбрана на централата, а шефот на управата Евгениј Балицки тврди дека откако украинските сили ги гранатирале и оштетиле далноводите – сега централата во Запорожје работи нормално, а енергетските блокови се безбедни.

Се поставува едноставно прашање: кому му е потребна нуклеарна катастрофа во Запорожје? Ако се знае дека Русите го контролираат тој простор и самата електрана, тогаш одговорот е јасен и недвосмислен. И покрај тоа, Киев тврди дека електраната Запорожје ја гранатира руската армија. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш работи со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за да организира посета на инспекторите на агенцијата на централата за да се процени нејзината состојба. Украинската страна бара Русите да ги отстранат системите за противвоздушна одбрана.

Во меѓувреме, Киев тврдоглаво се држи до верзијата дека самата руска армија ја гранатирала нуклеарната централа, а украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата повика на построг одговор на рускиот „нуклеарен терор“. Украинскиот дипломат Олександар Шчерба во понеделникот изјави дека Зеленски разговарал за санкциите против рускиот нуклеарен сектор со шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел, пишува „Комерсант“ .

Руските експерти не го сметаат за случајност тоа што следното гранатирање на нуклеарната централа практично да се совпаднало со дипломатската акција на Зеленски против Русија.

„Во одредени периоди има систематски напади. Имаат интегриран пристап, како и сите рационални менаџери“, посочува пратеникот на Државната дума Михаил Дељагин.

И во овој случај Вашингтон ја застапува верзијата на Киев. Имено, портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер ја повика Руската Федерација „да ги прекине сите непријателства поврзани со нуклеарните постројки и да ѝ ја предаде контролата на електраната на Украина“. Од друга страна, Москва ги повикува западните партнери на Киев да го искористат своето влијание за да го прекинат гранатирањето на нуклеарната централа. Единствено утешно, засега, е тоа што нема знаци за зголемување на радиоактивноста.

Во руските медиуми се пишува за две цели на украинските напади на централата. Од една страна, според нив, припишувањето на нападот на руската страна предизвикува револт во Европа, која е своевиден заложник во овој случај. Од друга страна, нападите имаат за цел да предизвикаат паника кај жителите на Запорожје и да ги натераат да ја напуштат оваа област која е преземена од руските сили. И во регионот Запорожје беше објавена намерата за одржување референдум за приклучување кон Русија. Ако нема население, Киев може да тврди дека гласањето не било одржано или дека е нелегитимно. Официјален Киев ионака ќе го тврди тоа, но во овој случај ќе може да ги поткрепи своите тврдења со реални слики од масовно иселување на населението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот