Политички реакции за доаѓањето на Ципрас во Скопје

Алексис Ципрас и Зоран Заев
Алексис Ципрас и Зоран Заев / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Актуелниот амбасадор на САД во Грција, Џефри Пајат и поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас, преку нивните официјални Твитер профили ја коментираа вчерашната посета на Алексис Ципрас во Скопје.

– Историски ден во Скопје пред 70 годишнината на НАТО. Заедно посилни – напиша американскиот амбасадор на неговиот официјален Твитер профил.

– Горд сум за вториот дел од договорот, што ги предвидува соработките што започнаа. Кога го ставив во првиот нацрт на договорот, слушнав забелешки и од двете страни. Но, на крајот сите беа убедени. Сега ги живееме почетоците на патувањето на спроведување. Среќен, напиша Никос Коѕијас на Твитер.
Наспроти позитивните реакции во грчките медиуми, опозициските партии во Грција негативно ја коментираа посетата на Ципрас на Северна Македонија – јави дописничката на МИА од Атина.

– Штетниот Договор од Преспа веќе е оценет во свеста на Грците. Ова не може да го смени никаков комуникациски обид за негово разубавување од страна на господинот Ципрас. Ова ќе го сфати за само 54 дена, на изборите на 26 мај или порано, ако распише национални избори – соопштуваат од Нова демократија.

Пратеникот задолжен за надворешна политика од најголемата грчка опозициска партија, Јоргос Кумуцакос, преку неговиот официјален Твитер профил, посетата на Ципрас ја поврза со грчкото вето во Букурешт во 2008, поради поклопените датуми.

– Од кога еден договор што отстапува јазик и идентитет е патриотски? Познато е дека господинот Ципрас го извртува значењето на зборовите, но денес претера – изјави Павлос Христидис, портпаролот на Движење на промена.

Со негативен коментар излезе и Комунистичката партија на Грција, додека пак партијата Река, во соопштението позитивно ги оценува и посетата и потпишаните договори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот