Политичка одговорност мора да има, одлуката треба да се донесе со ладна глава, најави спрскиот премиер

Нови Сад железничка станица EPA-EFE/MARKO KAROVIC

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, изјави дека обвинителството и полицијата работат на утврдување кривична одговорност за несреќата во Нови Сад, дека нема бегање од одлуката за политичка одговорност и таа објективно ќе се согледа и ќе се утврди во наредните денови.

Премиерот Вучевиќ додаде дека политичка одговорност мора да постои и дека треба да се направи на мирен и одговорен начин.

– Зборував со претседателот на Србија и таа одлука ќе ја донесеме со ладна глава, рационално, а не со твитови и објави на социјалните мрежи, изјави Вучевиќ за новинарите во Шангај, каде што учествува на кинескиот саем за увоз.

Фото Јутуб принтскрин

Тој посочи дека нема бегање од таа одлука и дека ќе биде резултат на одговорна политичка дискусија и објективна проценка на состојбите и дека тука не се работи за кривична, туку за политичка одговорност поврзана со менаџментот на државата, градот, ресорот или некоја фирма, и дека кривичното дело ќе го утврдуваат полицијата и обвинителството, односно судот.

– Ќе видиме каква ќе биде конечната одлука. Не се бега од тоа, не се краде време. Мислам дека најважно е да се разбере болката на семејствата на оние кои настрадаа, да се дозволи она што е дел од обичајот, дел од културата, а тоа е семејствата да можат на мир да ги погребаат и да ги испратат своите настрадани и сите да го почитуваат тоа, рече Вучевиќ.

Тој кажа и дека истрагата е во рацете на јавното обвинителство и полицијата, додавајќи дека бил информиран дека се сослушуваат и земаат изјави од сите кои се во синџирот на одлучување и носење одлуки за реконструкција или работи на железничката станица во Нови Сад.

– Многу работи се непознати во моментов и вистината мора да се каже. Никој не ги има сите податоци бидејќи навистина е многу сложено прашање дали е направено или не, ако е така кога е направено и што е направено, зборуваме за целата железничка станица, потоа како се случи несреќата, што се случи, како е можно конструкцијата да попушти, како е можно наеднаш да попушти,  рече српскиот премиер.

Тој забележа дека има спротивставени мислења од луѓето од струката и дека градежните стручњаци можат да помогнат и да кажат што се случило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот