Клаус Јоанис - Фотографија ЕПА, Силард Костичак

Политичка криза во Романија: Екстремната десница бара отповикување на претседателот Јоанис

Три романски екстремни десничарски партии почнаа процес за отповикување на претседателот Клаус Јоанис, кому мандатот му заврши пред еден месец, но ќе остане на функцијата до мај поради поништувањето на претседателските избори.

Парламентот му го продолжи мандатот на Јоанис откако Уставниот суд ги поништи изборите на кои во првиот круг на 24 ноември победи малку познатиот проруски кандидат Калин Георгеску. Изборите ќе бидат повторени на 4 и на 18 мај.

Трите десничарски партии, кои заедно имаат 35 отсто од пратеничките места, поднесоа барање за импичмент на Јоанис, кое малку е веројатно дека ќе биде усвоено од мнозинството во парламентот.

Паралелно со нивната иницијатива, пред Уставниот суд во Букурешт се одржуваат протести на неколку илјади лица, со барање да бидат признаени резултатите од првиот круг од претседателските избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот