Политичарите во Шпанија се вацинирале пред приоритетните групи

Медицинско лице со Шпанија/ Фото: EPA-EFE/Fernando Villar

Министерот за внатрешни работи на Шанија синоќа смени еден потполковник, офицер за врски на Цивилната гарда во Генералштабот поради шпанските војници и политичари кои се вакцинирани против коронавирус, а не биле приоритетна група.

Тој е разрешен од должноста бидејќи се дознало дека вакцината ја примил преку ред, без приоритет, иако повеќе од еден милион дози на вакцини се наменети за медицинскиот персонал и за старите лица во старските домови.

Со оглед дека повеќе вработени од Генералштабот се вакцинирале, може да има повеќе смени, предупреди во петокот министерката за одбрана Маргарита Роблес, нагласувајќи дека чека извештај за тоа.

И политичарите од различни партии ја примија првата доза на вакцината, исто така без  да бидат во приоритетната група. Еден од нив, регионалниот советник за здравство во Мурсија, на југоистокот на Шпанија, Мануел Вилегас, беше принуден да си даде оставка поради тоа.

Радикалната левичарска партија Подемос, член на владејачката коалиција заедно со социјалистите, ја осуди „корупцијата“ при вакцинациите.

Шпанија е најпогодената земја од пандемијата меѓу европските земји, според повеќе од 55.000 мртви и скоро 2,5 милиони случаи, според официјалните податоци.

Слична полемика ја разбранува и Австрија, каде властите во вторникот најавија истрага за извештаите во печатот за градоначалници, монахињи, па дури и роднини на негуватели кои примиле вакцина без да бидат во приоритетната група за вакцинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот