Политичарите од Албанија го поздравија формирањето на влада во Косово

Фото: Профимедиа

Официјална Тирана го поздрави постигнатиот договор за формирање влада меѓу Движењето Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово.

Поздравувајќи го договорот, премиерот Еди Рама преку Твитер им посакува успешно управување и поголема меѓусебна корисна соработка во интерес на Албанците од двете страни на границата

– Успех ВВ-ЛДК во формирањето нова влада и управување со Косово! Посакувам да имаме колку е можно поголема корисна соработка за Албанците од двете страни на границата и со нетрпение очекувам да организирам одржување маса со прашањата за слободно движење на граѓаните и деловните активности на нашата граница – напиша Рама.

Овластениот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, кој по потекло е од Косово, им честиташе на ВВ и ЛДК за формирањето на новата влада на Република Косово.

– Во многуте предизвици што се пред нас, засилената соработка меѓу Косово и Албанија е неопходна. Со нетрпение очекуваме да започнеме со значајни разговори со новата косовска влада за спроведување заедничка програма во корист на двете држави – порача Цакај.

Претходно договорот го поздрави и шефот на албанската држава Илир Мета, оценувајќи дека стабилното управување е во интерес не само на Косово, туку и на регионот.

– На косовската влада предводена од г-дин Албин Курти и посакувам успеси и големи достигнувања за доброто на Косово во предизвиците кои го очекуваат – наведе Мета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот