Полициските специјалци вежбаа пред граѓаните на Дебар (ВИДЕО)

Фото: МВР

Денеска македонската полиција изврши тактичко-показна вежба во Дебар.

– Оваа вежба денес е еден од начините како да ја обновиме, односно зајакнеме врската меѓу граѓаните и македонската полиција на ниво на партнерство на соработка се со цел да имаме и побезбеден град и побезбедна држава, меѓутоа и побезбеден регион – изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по завршување на вежбата.

На вежбата граѓаните имаа можност да видат и дел од техничките потенцијали на полицијата.

Учествуваа припадници на Единиците за специјални задачи и за брзо распоредување, потоа припадници од Единицата за службени кучиња, од Одделот за воздухопловни единици при МВР, како и припадници на Единицата за мотоексортно обезбедување.

[foogallery id=”28311″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот