Полицискиот час и постоечките мерки во Грција се продолжени до први февруари

Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Постоечките рестриктивни мерки во Грција, односно карантинот, полицискиот час од 21 часот до 5 часот наутро, забраната за патување меѓу региони, задолжителните смс пораки за движење на граѓаните, како и задолжителната употреба на маска се продолжени до 1 февруари, за кога е одлучено отворање на средните училишта, јави дописничката на МИА од Атина.

Актуелните мерки се во сила до понеделник, а грчката Влада секој петок, по препораките и анализираните епидемиолошки податоци од надлежната комисија носи одлуки, па така на денешната редовна прес конференција за ситуацијата со пандемијата беше соопштено продолжување на мерките за уште една седмица.

Карантинот во Грција започна на 7 ноември 2020 година, а шест дена подоцна беше воведен и полициски час.

Комисијата на епидемиолози по денешниот состанок даде зелено светло за средношколците на 1 февруари, по два и пол месеци да се вратат во училишните клупи, три седмици по отворањето на основните училишта и градинките.

Министерката за образование на Грција Ники Керамеос, соопштувајќи ја одлуката рече дека и средните училишта ќе се отворат под мерките што се во сила за основците, додека пак во т.н. „црвени региони” каде што има дополнителни рестриктивни мерки, дел од средношколците ќе продолжат со онлајн настава.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на денешната редовна прес конференција, освен што објасни дека се продолжуваат постоечките мерки, најави отворање на обложувалниците на 1 февруари.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 585 нови случаи на Ковид-19, а починаа 28 лица. Од почетокот на епидемијата има 151.041 заразени и 5.598 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот