Полицискиот час ги опустоши парковите, се шетаат само кучиња (ФОТО)

Дождот не ги спречи сопствениците на домашни миленици да излезат пред зградите, во точно определениот термин од 20 до 20.30 часот за да ги прошетаат домашните миленици.

Екипа на „Слободен печат“ беше присутна во општина Кисела Вода, со цел да ја пренесе состојбата од скопските населби.

Точно како што е наведено во уредбата за полициски час, граѓаните се движеа во близина на нивните живеалишта.

Критиката овој пат ќе оди на лошите хигиенски навики на љубителите на кучиња. Изметот на кучињата остана да стои низ маалското паркче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот