Полициска вежба во Белград: Се стегаше „обрач“ околу Палата „Србија“

Фото: mup.gov.rs

На платото пред Палата „Србија“ во Белград попладнево се одржа полициска тактичко–показна вежба под називот „Обрач 2020“.

Станува збор за антитерористичка вежба за брза реакција во случај на терористички напад, какви што се почесто има н из Европа во изминатите години.

Во вежбата учествуваа над 250 полицајци од Специјалната антитерористичка единица (САЈ), од Жандармеријата, од Хеликоптерската единица, од полициската Управа на град Белград, од Интервентната единица и Секторот за вонредни ситуации.

Беа ангажирани пет полициски хеликоптери, 28 возила, шпа дури и два патролни брода што се наоѓаа во Дунав, во непосредна близина на местото на одржување на вежбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот