Полициска контрола во Тетово: Затекнати околу 100 гости во угостителски објект, управителот приведен

Фото: mia.mk

Управител на угостителски објект во Тетово бил приведен во текот на вчерашниот ден под основано сомнение дека сторил кривично дело – „непостапување според здравствени протоколи за време на епидемија”, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во дописот на МВР се наведува дека 25-годишниот Е.Х. бил приведен вчера околу 14:20 часот по акциската контрола на полицијата и на Пазарниот инспекторат во угостителскиот објект во кој биле затекнати околу 100 гости.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот