Полициска акција во Тирана: Уапсени 25 фунцкионери по кобниот земјотрес во Драч

Фото: ABCnews

Слична акција пред некое време беше преземена и во Драч, каде беа уапсени 18 лица.

Во полициска акција во Тирана уапсени се поранешни и сегашни функсионери, но и градители на зградите кои се оштетија во силниот земјотрес што ја погоди Албанија во ноември минатата година.

Истрагите кои ги започна обвинителството во Тирана резултираа со над 25 апсења, а потерници се пуштени за вкупно 40 луѓе. Меѓу уапсените има и поранешни градоначалници.

Според обвинителството, констатирани се сериозни прекршоци како што е промена на изгледот на зградите од првичните проекти. Официјалните лица, пак, се товарат за злоупотреба на службена должност и фалсификување на документите.

Слична акција пред некое време беше преземена и во Драч, каде беа уапсени 18 лица.

За потсетување, во силниот земјотрес што ја погоди Албанија, животот го загубија 51 лице, илјадници беа повредени, а многу домови беа уништени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот