Полицијката Ангелеска потврди: Сама си заминав од полиција, завршив со МВР

„Не сум избркана, јас сама си заминав. И тоа беше за мене и моите пријатели објавено. Не се ни надевав дека ќе дојде до портали, па и до ТВ. Јас завршив со МВР. Таму не можев да гледам многу неправди, многу политика, многу решенија телефонски се прават, а ниеден началник, командир или заменик водич не е ставен според сработеното, се со пријатели, се со партија, вели за „Слободен печат“ сега веќе поранешната полицајцка Јасмина Ангелеска.

Таа објаснува дека на своите претпоставени во Полициската станица во Драчево им го побарала годишен одмор и им кажала дека нема да се вратина работа.

-Требаше да почнам на работа минатата среда, меѓутоа не отидов на работа. После три дена ти даваат отказ бидејќи не си се јавил на работа. Во понеделникот што измина ми беше четврти ден па затоа и на моите пријатели на мојот ФБ профил им напишав дека мојата кариера во МВР заврши, вели Ангелеска.

Јасмина Ангелеска е службеничката која пред две години беше повредена додека со пајак-возилото му го креваше непрописно паркираниот автомобил на високиот функционер во ДУИ, Бекир Асани.

Од МВР тврдат дека од Ангелеска немаат добиено пријава за мобинг, иако во својата објава обвинува дека старешините и нанеле неправди.

По објавата на постот на Ангелеска од полицијата известија дека таа користи годишен одмор и до Одделот за правни работи на БЈБ досега не било стигнато барање за прекин на работниот однос.

„Во Одделот за внатрешна контрола и професионални истраги од  Ј.А. до сега не е пристигната претставка ниту пријава за вршење на мобинг на работното место. Како и секој граѓанин така и Ј.А доколку смета дека и се повредени правата од работниот однос или друг вид на незаконито и непрофесионално постапување на било кој полициски службеник случајот може да го пријави во Одделот за внатрешна контрола“, велат од МВР.

Обвинителството пред две години ја отфрли кривичната пријава против функционерот на ДУИ, Бекир Асани. Oбвинителот констатирал дека кривичното дело напад врз службено лице не може се гони по службена должност и ја затворил постапката против Асани.

Според Обвинителството, немало докази дека полицајката Ангелеска била нападната, а притоа не постоела сериозна и остварлива закана кон неа ниту, пак, физички контакт за Бекири да биде гонет за физички напад.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот