Полицијата заплени амфетамин и марихуана во Влае

Во скопската населба Влае, вчера попладнето секторот за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Скопје во возило „Субару форестер“ со скопски регистерски таблички управувано од триесет и осумгодишниот Д.Б од Скопје пронашол амфетамин.

При дополнителен преглед со употреба на службено куче за детектирање дроги во внатрешноста на шал таблата од возилото во специјално направен бункер биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и амфетамин, наменета за натамошна продажба.

Против Д.Б ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното основно јавно обвинителство Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот