Полицијата воочи повеќе возила од хеликоптер, а потоа следуваше вистинско изненадување! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Полицијата во канадскиот град Каљари воочи шест возила во напуштено подрачје, но откако им се приближија со хеликоптер и сфатија што се случува, дури и јавно ги пофалија жените кои танцувале поради одржување на пропишаната социјална дистанца.

„Иако во овие моменти се препорачува да останеме сите дома, ако сте надвор, ве молиме да одржувате дистанца од други лица“, стои во соопштението на тамошната полиција.

„Нашиот хеликоптер рутински патролираше поради откривање на сомнителни активности. Порано оваа недела наидовме на група возила на паркинг, ништо сомнително не се случуваше освен мала забава на која танцуваа неколку девојки. Им благодарам на сите граѓани и на тие танчерки за својата улога во физичкото дистанцирање“, се додава во соопштението на полицијата.

Погледнете како сето тоа изгледало:

We see you Calgary! While we recommend staying home at all times to #FlattenTheCurve, if you are going to be outside…

Publiée par Calgary Police Service sur Mardi 7 avril 2020

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот