Полицијата во Велес лани изрекла 6.501 санкции за неносење маска, а од почетокот на месецов околу 300

Полиција / Фото: МИА

Од стапувањето во сила на мерката на Владата за задолжително носење заштита на лицето, од мај до декември минатата година, во Велес од страна на послицијата се изречени вкупно 6.501 казна, информира за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Според евиденциите на СВР Велес, од почетокот на мерката во мај во (првите неколку месеци) дневно беа казнувани по неколку граѓани во Велес за неносење заштитна маска на лицето, потоа бројката се зголеми на педесетина, додека во последните месеци бројката на казнети граѓани се движи од 20 до 30 на дневна основа, информира Додевски.

Инаку, од почетокот на јануари до денеска полицијата во Велес казнила околу 300 граѓани за неносење на заштитна маска, во просек по околу 20 лица дневно, а најмногу 32 граѓани биле казнети за изминатите 24 часа, од вчера до утрово.

Најмалку казнети се изречени во деновите 11 и 12 јануари, кога се санкционирани само осуммина велешани за два дена.

Тој потенцира дека порастот на заболените од Ковид-19 за жал придонел за поголема совесност на граѓаните и дека најголем дел од нив, па и помладите последниве месеци носат заштитни маски.

– Против сите прекршители на СВР Велес се поднесени соодветни казнени мерки. Казната е 600 денари ако се плати во рок од осум дена од изрекување на казната или 50 отсто, а по тој рок се наплатува целата казна од 1.200 денари, вели Додевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот