Полицијата во Пакистан уапси доктор кој заразил 90 лица со ХИВ

Најмалку 90 лица, меѓу кои и 65 деца, биле заразени со вирусот ХИВ во Пакистан од доктор, кој користел инфициран шприц.

– Го уапсивме лекарот откако добивме поплаки од здравствените власти, изјави Кампан Наваз, началник на локалната полиција, во јужниот град Ларкана.

– Ни кажаа дека лекарот има ХИВ – вели тој.

Властите биле известени за тоа минатата недела, откако 18 деца од периферијата на градот дале позитивен резултат за вирусот, кој предизвикува СИДА, што ги поттикнало здравствените работници да извршат пошироки проверки.

Пронајдени се уште десетици инфицирани.

– Повеќе од 90 лица од тестираните се ХИВ-позитивни, а бројот на децата е околу 65 – изјави д-р Абдул Рехаман, чиновник во областа на здравството во Ларкана.

Азра Печухо, министер за здравство на покраината Синд, го потврди неговото апсење.

– Беше анализирана и крвта на родителите на заразените деца, но нивните резултати беа негативни – додаде Печухо.

Пакистан се смета за земја со ниско распространет ХИВ, но болеста се зголемува – најмногу меѓу интравенски наркомани, проститутките и работниците мигранти, кои се враќаат од Персискиот Залив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот