Полицијата во Мјанмар продолжува со насилно растерување на демонстрантите

Фото: EPA-EFE/LYNN BO BO

Безбедносните сили во Мјанмар продолжија со употреба на сила против демонстрантите и денеска отворија оган на повеќе места за да ги растурат протестите против воената хунта, при што се повредени неколку лица, јавија локалните медиуми.

Според „Мјанмар сега” (Myanmar Now), армијата и полицијата испукале гумени куршуми и солзавец кон демонстрантите во Јангон и Мандалеј, каде биле повредени девет лица, но и во други градови, а има и извештаи за употреба на боева муниција на некои места.

„Монива Газет” (Monywa Gazette) објави дека пет лица биле ранети кога безбедносните сили испукале боева муниција во градот Монива, а имало и непотврдени извештаи за пукање и повредени во други два града, Мингијан и Магваи.

Портпарол на владејачкиот воен совет не одговори на повиците на медиумите за коментар на овие наводи.

За време на протестите, кои почнаа на 1 февруари кога армијата ги уапси цивилните лидери и ја презеде власта во Мјанмар, досега загинаа повеќе од 20 демонстранти и еден полицаец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот