Полицијата во Лондон растури свадба со 400 гости, казната е 10 000 фунти

epa08913157 Police officers control along the Embankment in London, Britain, 31 December 2020. New Year's Eve celebrations are not taking place in London due to coronavirus restrictions. The UK government is encouraging people to stay home as Covid-19 cases continue to surge. EPA-EFE/ANDY RAIN

Британската полиција денес објави дека растурила свадба со скоро 400 гости во Лондон. И покрај забраната за собирање голем број луѓе поради пандемијата ковид-19 свадбата била организирана во училишна сала во Стемфорд Хил.

За да се сокријат ги покриле прозорците, па така од надвор не се гледало што се случува внатре. Организаторот сега се соочува со парична казна од 10.000 фунти.

Според строгите мерки воведени на почетокот на годината, свадби може да се прават само во „исклучителни околности“ и дозволено е да се соберат само шест лица. 

Дневниот број на нови инфекции се намали од скоро 70 000 на 8 јануари на нешто помалку од 40 000 во последните денови, но властите се загрижени дека многумина не ги следат правилата, па вирусот продолжува да се шири.

Британскиот министер за внатрешни работи, Прити Пател, во четвртокот предупреди дека прекршувањето на правилата се казнува со парични казни и најави воведување нова парична казна од 800 фунти за присуство на домашни забави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот