Полицијата во Хонгконг се подготвува да изврши упад во блокираниот универзитет

Полицијата во Хонгконг соопшти дека планира да влезе во блокираниот универзитет за да ги исчисти опасните материи пред да ја укине 10-дневната опсада, откако тимовите за пребарување не пронајдоа докази дека демонстрантите се уште се таму.

Началникот на полициската област Хо Јун-синг рече дека тимови за заштита составени од експерти за отстранување експлозиви утре наутро ќе одат во Политехничкиот универзитет за да соберат докази и да ги отстранат резервите хемиски и опасни материи, вклучувајќи гасни бомби и корозивни течности.

Се додава дека одлуката е донесена откако тимовите за пребарување, дури и по два последователни дена од пребарувањето на кампусот во Хонгконг, не пронашле докази дека демонстрантите се уште се таму.

Некои светски агенции јавија дека вчера таму била пронајдена една млада жена во лоша состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот