Полицијата во Хамбург употреби водени топови против демонстрантите, еден полицаец е повреден (ВИДЕО)

Полицијата во германскиот град Хамбург употребила бибер спреј против демонстрантите и распоредила водени топови, јавуваат германските медиуми.

Тие на Твитер објавиле дека неколку стотици агресивни демонстранти со качулки извршиле притисок на полицијата во центарот на градот и дека еден полицаец е ранет.

„Моравме да употребиме бибер спреј. Со должна почит за емоциите, нападите врз полицијата се неприфатливи“, навеле од полицијата.

На друга локација околу 350 луѓе стоеле пред водените топови.

„За нас ова се неовластени, неодобрени собири и повикуваме до луѓето да си заминат“, порачала полицијата на Хамбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот