Полицијата во два одделни случаи заплени околу 2,2 килограми хероин во Арачиново и околу 2.000 таблети екстази

Фото: Српско МВР

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност- СВР Скопје денеска  по претходно издадена судска наредба, извршија претрес во куќа во која престојува Д.Д. (30) при што се пронајдени 33 полиетиленски кеси во кои имало хероин и две дигитални ваги.  Според првичната проценка запленети се околу 2,2 килограми хероин, но точната количина ќе биде позната по извршената анализа и мерење, по што ќе биде поднесена и соодветна пријава до јавното обвинителство, соопшти МВР.

Во друг случај, денеска околу 10 часот во село Трубарево-скопско, полициски службеници забележале возило „пасат” со скопски регистерски таблици и две лица, кои влегле во возилото и се дале во бегство кон рампа Хиподром, при што удриле во вагон од воз кој сообраќал по железничката пруга.

Лицето кое било на совозачкото место се дало во бегство, а возачот додека излегувал од возилото фрлил една кеса и едно пакување со 112 таблети екстази, една кеса со 1.000 таблети екстази и една кеса со 750 таблети екстази, 80 грама амфетамин и пет грама сива кристална материја.

По извршеното легитимирање, констатирано е дека лицето е Х.М. (43) од Скопје, а по извршен преглед на возилото пронајдени се и 800 грама марихуана и една дигитална вага. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот